Анчелоти: Ќе биде тешко против Црвена Звезда на „Маракана“

Од:

Тренерот на Наполи Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим ја сфаќа тежината на натпреварот против Црвена Звезда во Белград на стартот од Лигата на шампионите.

– Важно е да играме наш фудбал и да направиме се за победа. Групата Ц е исклучително тешка, а можеби и најтешка. Ги имаме одличните Ливерпул и ПСЖ, но и Црвена Звезда која одлично игра на домашен терен. Ќе биде навистина тешко, истакна тренерот на Наполи.

Анчелоти нагласи дека е свесен за поддршката која Црвена Звезда ја добива од своите навивачи, како и дека многу фаворизирани клубови биле поразени на белградскиот стадион.

– Свесни сме колку ќе биде тешко да се игра на „Маракана“. Ѕвезда е добра екипа. Го елиминираше Салцбург во квалификациите, а добро игра и во домашното првенство. Но ние сакаме победа, бидејќи важно е добро да го почнеме натпреварувањето, наведе Анчелоти.

За искусниот тренер ова ќе биде трет натпревар во кариерата против Црвена Звезда во Белград.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Анчелоти не заборава на своите – ги контактирал Блекбурн кои бараат тренер

А1он

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска