АМС продолжува со изградба на спортски објекти

Од:

Агенцијата за млади и спорт (АМС) продолжува со интензивни градежни активности за подобрување на постоечката и изградба на нова спортска инфраструктура на целата територија на државата.

Преку реализацијата на проектите за изградба на спортските сали, повеќенаменските и тениските терени, фитнес-зоните, фудбалските игралишта и останатите спортски објекти се прават големи чекори напред во подобрување на условите за професионално и рекреативно спортување, соопштија од АМС.

– Иако, досега преку АМС и МОН се изградија околу стотина спортски сали низ целата држава, Агенцијата за млади и спорт продолжува со изградба на нови. Имено, целосно е завршена градбата на големата спортска сала на државниот Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, со која студентите и универзитетот добиваат ново спортско репрезентативно здание за реализација на наставата, но и за одржување на бројни спортски натпревари. Во завршна фаза на градба е и спортската сала во Домот за деца без родители “11-ти Октомври” во Капиштец, а интензивно се градат и салите во Шуто Оризари и во с. Бучин, општина Крушево. Во завршна фаза е и реконструкцијата на покривот на спортската сала во општина Ново Село, соопштија од АМС.

Одлична динамика на реализација има и на повеќенаменските игралишта, каде досега се завршени 70, а граѓаните ќе можат да го практикуваат “белиот спорт” на вкупно 89 изградени тениски терени низ целата држава. Дополнително, активна е градбата и на игралиштата во Припор, Охрид и Крушево каде се градат тениски и повеќенаменски терени, информираат од Агенцијата.

Изградени се и 9 фитнес зони, а 3 се во фаза на градба. Завршени се и спортските игралишта во с. Зубовце, во завршна фаза е спортското игралиште во с. Горно Косоврасти, реконструкцијата на фудбалските игралишта во Љубанци и Демир Хисар, а во почетна фаза на градба се и спортските игралишта во Зелениково и Пинтија. Интензивно се гради и капиталниот спортски објект за градот Охрид, затворениот пливачки базен, чија инвестиција изнесува 5 милиони евра.

– Со овие капитални објекти во спортот, Владата заокружува еден концепт на создавање здрава нација и одлична превентива за младите во борбата против пороците. Впрочем, сите инвестици во спортската инфраструктура се со единствена цел, а тоа е да се поттикнат развојот на спортот и здравите навики кај младите, додаваат од Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска