Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Македонскиот центар за култура и развој (МЦКР) денеска потпишаа Меморандум за соработка со што ќе се овозможи реализација на проектите „Граѓанска превенција“ и „Здрав спорт за здраво општество“.
Меморандумот го потпишаа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претседателот на Македонскиот центар за култура и развој Нелко Нелковски.
Предвидените проекти подразбираат активности за поврзување на локалните заедници во делот на превенција и едукација во сообраќајот, превенција од насилства во училиштата, превенција и едукација од злоупотреба на социјалните мрежи и компјутерскиот криминал, ден на спортот во Република Македонија, спортска дипломатија и Фаре (Football Against Racism in Europe) национална координација на активности за Република Македонија.
Дел од настаните кои ќе се оддржат вклучуваат јавни дискусии, дебати, трибини и конференции, уметнички изведби, фестивали, онлајн кампањи, спортски манифестации и слично.
Овие активностите ќе бидат насочени кон младите луѓе и спортистите со цел да се придонесе за директна вклученост и активизам преку креирање на одржливи ресурси за квалитетен општествен, спортски и културен живот.