Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески по повод победата на трката во Прилеп од Источно Европскиот шампионат денес приреди прием за најдобриот македонски мотоциклист Христијан Илиоски Кико.
Честитајќи му го големиот успех Спасески на младиот битолчанец му порача дека и во иднина ќе ја има поддршката од АМС.
– Македонија е горда на Христијан и ние како Агенција за млади и спорт ќе продолжиме со поддршка во делот на развојот на мото-крос спортот во Македонија. Морам да истакнам со поддршката од Општина Прилеп за изградба на мото-крос патека свртивме ново поглавје во делот на овој спорт и воедно упативме апел и до другите градоначалници да се вклучат во развојот на мотокрос спортот во останатите општини, истакна Спасески.
Мотоциклистот Илиоски се заблагодари за приемот во Агенцијата за млади и спорт и се заблагодари за поддршката што ја добива од Агенцијата за млади и спорт.
Воедно, тој упати апел до големите фирми да се вклучат во делот на финансиската поддршка и да станат дел од тимот на мото клубот Пелистер каде вози тој.
До крајот на Источно Европскиот шампионат има уште една трка која треба да се одржи на 19 октомври во Молдавија, а нашиот Македонецот е на делба на второто место, со што има значителните шанси за освојувањето на првото место и освојувањето на шампионската титула во Генералниот пласман.