АМС му додели стипендија на Јакупи

Од:

Продолжува трофејната низа на македонските каратисти, од последното ЕП за кадети и јуниори во Коња, нашата селекција се врати со три медали, едно злато и две бронзи.

Берат Јакупи уште еднаш ја потврди високата класа и по златните медали на кадетското во Париз и јуниорското првенство во Измир доминацијата ја продолжи на младинскиот шампионат во Коња и тој е првиот македонски спортист, кој успеал да освои злато во три различно возрасни категории

Овој медал, кој е мој трет на едно Европско Првенство за мене претставува мотив плус да продолжам со напорна работа и во иднина да се закитам со злато на сениорските Европски и Светски првенства – изјави Берат Јакупи

Нашиот состав во Коња освои уште два медали, со бронза се закитија Моника Пендаровска и Виктор Крстевски.

„Ова за мене беше прв настап на големо натпреварување и пресреќна сум со бронзата. Секако дека ова е само најава за мои нови достигнувања во иднина” – истакна Моника Пендаровска

До бронзата стигнав по тежок пат, но на крајот успеав да стигнам до медал. Оваа бронза за мене има посебно значење бидејќи ми е прв трофеј во поединечна конкуренција. Исто како и моите пријатели од репрезентацијата и јас по овој настап во Коња сум помотивиран и на претстојното Светско Првенство, најмалку што очекувам е повторување на успехот од Коња – заврши Виктор Крстевски

По овој голем успех и продолжувањето на победничката низа на континенталните првенства, Агенцијата за малди и спорт на Берат Јакупи му додели двегодишна стипендија од по 22.000 денари.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска