АМС доби грант од УНЕСКО за борба против допингот

Од:

Агенцијата за млади и спорт (АМС) доби грант од „Фондот за елиминација на допингот од спортот“ на УНЕСКО во висина од 20 илјади долари. Овие средства кои ќе бидат употребени за развој на националната анти-допинг програма токму во делот на подигање на свеста на сите повикани страни вклучени во спортот каде постои ризик од употреба на допинг.

Допинг во спортот значи употреба на фармаколошки допинг примероци (супстанци). Тоа се средства или методи кои се забранети од страна на меѓународни релевантни спортски организации и се појавуваат на документ одобрен од страна на Мониторинг групата при Советот на Европа одговорна за спроведување на Меѓународната конвенција против допингот во спортот на УНЕСКО, односно на Листата на забранети супстанци и методи на Светската анти-допинг агенција или Меѓународниот олимписки комитет каде членка е и Македонија.

Нашата држава ја има ратификувано Меѓународната конвенција за борба против допингот на УНЕСКО на 19 август 2008 година. Пристапувајќи и придружувајќи се кон принципите и целите на Конвенцијата, Република Македонија презема обврска да спроведе сопствена национална политика во однос на борбата против допингот во спортот.

Национално координативно тело за борба против допингот во спортот е, всушност, Комисијата за анти-допинг при АМС.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска