Американскиот атлетичар Рајан Краузер утринава на собирот во Лос Анџелес го собори светскиот рекорд во фрлање ѓуле, кој сега изнесува 23,56 метри.
Двократниот олимписки шампион го собори светскиот рекорд, кој досега изнесуваше 23,37 метри, а беше во сопственост на Краузер. Овој резултат американскиот aлетичар го постигна пред две години на американските квалификации за Олимписките игри во Токио.
Краузер на средбата во Лос Анџелес уште два пати ја исфрли топката преку 23 метри. Постигна резултати од 23,23 и 23,31 метри.