По 18 години поминати на „Сан Сиро“ Масимо Амброзини го напушта Милан и следната сезона ќе игра за друг клуб.
Поранешниот капитен на Милан се уште се наоѓа на летен одмор, а веќе следната недела се очекува тој да потпише за Фиорентина.
– Масимо го сака градот и клубот. Фиорентина е многу амбициозна, планира да доведе квалитетни играчи како што се Марио Гомез и давид Виља, така што без многу размислување ќе ја прифатиме понудата, истакна личниот менаџер на Амброзини Морено Роџи.
За разлика од новите засилувањата, заминување од Фиренца најавија Адем Љајиќ и Стеван Јпветиќ.
Амброзини за Милан одиграл 344 натпревари и постигнал 29 голови. Кариерата ја започнал во Чезена.