Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дани Алвеш е најтрофејниот играч на сите времиња. Тој во саботата стигна до 36. трофеј, откако неговиот клуб го освои францускиот Лига куп.
Титулите Алвеш ги освојуваше со ПСЖ, Барселона, Јувентус, Севиља, Бахија, и репрезентацијата на Бразил.
До крајот на сезоната Алвеш со голема веројатност ќе го освои 37. трофеј, бидејќи ПСЖ е пред шампионска промоција во Франција.
34-годишниот Алвеш ќе има можност и со Бразил да стигне до трофеј на Мундијалот во Русија иова лето.