Алушовски по триумфот над Флензбург: Забележавме голема победа

Од:

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, изрази задоволство од прикажаното на неговите избраници кои синоќа забележаа победа над германскиот ракометен великан Флензбург.

– Ова е голема победа која ќе ни даде потстрек за понатаму. Честитки до момците на карактерот, кои и покрај паузата од еден месец покажаа завидно ниво. Добро бевме подготвени и добро ја имавме анализирана играта на противникот. Двата бода се големи и ни го отвораат патот кон осминафиналето. Пред нас е нов натпревар, против Порто. Посакувам уште еден добар меч, истакна Алушовски на прес-конференцијата по синоќешниот дуел.

За „црвено-црните“ ова е прва победа по два одиграни натпревара во А-групата од Лигата на шампионите, додека Флензбург го забележа првиот пораз во четвртиот свој настап.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски