Алпинистката Костовска се искачи на „Монблан“

Од:

Планинарката Наташа Костовска, од планинарскиот клуб ВАК Анапурна, на 22 јуни го искачи врвот Монблан (4.808 метри), највисокиот врв во Западна Европа кој се наоѓа во срцето на Алпите меѓу регионите на долината Аоста и Високи Савои во Италија.

– По успешно искачениот на највисокиот италијански врв „Гран Парадизо“, на 20 јуни, „карпошанката“ Костовска, во вечерните часови продолжи со искачување на „Монблан“ – планински врв кој претставува предизвик за сите љубители на планините и алпинизмот, информираат од Општина Карпош.

Костовска раскажува дека временските услови при искачувањето на „Монблан“ и на „Гран Парадизо“ биле совршени, и покрај тоа што имало континуиран ветар со брзина од 40 km/h.

– Општина Карпош го поддржа подвигот на планинарката Наташа Костовска и во оваа прилика упатува искрени честитки до неа, посакувајќи и уште многу освоени врвови, добро здравје и подготвеност, стои во соопштението на општината.

Би можело да ве интересира

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Ана Ололовска