Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Од:

Со повеќе планински и активности во природа од вечер до недела ќе се одржува првиот „Pletvar Outdoor Festival“ . Организаторите, спасувачката служба „Златоврв“ и извидничкиот одред „Феникс“ нудат бројни активности во природа, а средствата од фестивалот се за хуманитарни цели – да заживее првата спасувачка служба.

Како што објаснува Дарко Неданоски, претседател на спасувачката служба „Златоврв“ Фестивалот нуди заштита за учениците, но и убава можност да ја истражуваат природата.

-Ќе има организирано искачување на врв Козјак (1747м) и посета на пештерата Дуова, кратка планинарска тура за почетници, велосипедска тура, слеклајн, стреличарство, игри во природа и скриено богатство за најмалите, сини часови јога, качување и спуштање со јаже, планинско трчање. Предвидено е кампување за учесниците и сето со почитување на заштитните мерки. Го почнуваме овој фестивал со надеж дека ќе прерасне во традиција. Хуманитарниот карактер многу ни значи зашто првата спасувачка служба „Златоврв“ сака да им биде на располагање на сите учесници во активностите во природа, ако се најдат во неволја да им помогне. Екипата е обучена и со сертификати да ги извршува спасувачките активности. Досега имаме и изведено големи вежби за спасување, меѓу кои и спасување на животи од пожар во висококатница, вели спелеологот Неданоски.

Од извидничкиот одред „Феникс“ нагласуваат дека целта на овој настан е да ги воведат младите во нови спортови и активности, со што ќе се разбуди нивната љубов за природата, како и да се збогати искуството со нови и повозбудливи настани, а секако и младите да се забавуваат.

Интерес за првиот „Pletvar Outdoor Festival“ има од повеќе градови од земјава.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска

Трето традиционално искачување на врвот Клепа

Ана Ололовска