Трето традиционално искачување на врвот Клепа

Од:

Околу 500 планинари и рекреативци од планинарските друштва од повеќе градови во земјава и три планинарски друштва од соседна Србија: од Параќин, Јагодина и Ќуприја денеска трета година по ред се искачија на врвот Клепа на 1150 метри надморска височина на истоименета планина која се наоѓа во средишниот дел на земјава и на самиот врв првпат поставија дрвено клепало, а по што планината го добила и своето име.

Организатори и овојпат беа Еколошката групација „Грин Пауер“ од Велес заедно со општините Градско и Росоман и бројни спонзори. Учесниците попатно одморија во Спомен шумата на Калина и Александар која е под врвот Клепа на средина од патот од Сирково кон Подлес, а каде пред една недела на илјада метри квадратни повеќе планинари од неколку градови од земјава заедно засадија 400 зимзелени и листопадни дрвца. На тоа место Калина засади свое зимзелено дрвце во февруари 2018, една недела пред 10 февруари кога заедно со Александар загинаа при искачување на Кајмакчалан. Во нивна чест лани започна засадувањето на Спомен шумата на Калина и Александар. Дрвцето на Калина е оградено и е во средина на нивната шума.

Како што информира за МИА Веле Коцев член на ПСД „Бистра“ од Скопје, најголем дел од учесниците околу 320-330 се собраа во селото Сирково каде од локалното население беа пречекани по традиција со домашно лепче, алва и топол чај.

Другата група од 150-тина планинари и рекреативци потоа им се приклучи во селото Подлес каде исто така беа пречекани од месното население со топол чај, алва и гурабии.

Оттаму сите заедно се упатија кон врвот Клепа на 1150 метри надморска височина и го поставија дрвеното клепало, информира Коцев.

Потоа од врвот сите учесници секој според физичката подготвеност се симна во манастирот Св. Архангел Михаил, каде заеднички ручаа војничко гравче што за нив и годинава го подготвија припадници на Армијата од велешкиот гарнизон.

Организаторите велат дека целта на ова традиционално искачување на Клепа е престој во чиста природа, дружење и рекреација на сите љубители на природата, далеку од градовите и загадениот воздух.

Би можело да ве интересира

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска