Алонсо победник на трката од Формула 1 во Кина

Од:

Шпанскиот возач Фернандо Алонсо од Ферари е победник на третата годинашна трка од шампионатот во Формула 1, која претпладнево се возеше во близина на Шангај.

Времето на Алонсо на трката за Големата награда на Кина беше 1:36,27.

На подиумот се искачија и второпласираниот Кими Раикон од Лотус кој заостана 10 секунди зад победникот, како и третопласираниот Луис Хамилтон од Мерцедес кој беше 12 секунди поспор од Алонсо.

Бодови во Шангај уште освоија возачите пласирани од четвртото до десеттото место: Фетел, Батон, Маса, Рикардо, Ди Реста, Грожан и Хилкенберг.

За Шпанецот ова беше прва победа во новата сезона или вкупно 31.ва во неговата кариера.

Во Генералниот пласман води Себастијан Фетел со 52 бодови, пред Раиконен со 49 и Алонсо со 43.

Следната трка од Ф1 ќе се вози следната недела за Големата награда на Бахреин, на патеката „Шахир“.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин