Алкасер во Дортмунд за 23 милиони евра плус бонуси

Од:

Лидерот на германската Бундеслига, Борусија Дортмунд, одлучи да ја искористи можноста за трајно да го привлече шпанскиот играч Пако Алкасер, пишува „Билд“.

Во моментов, напаѓачот е позајмен кај „жолто-црните“, но неговиот договор има клаузула за откупување во секое време за 23 милиони евра и уште пет милиони во бонуси.

Според информациите, тимот од „Сигнал Идуна Парк“ ќе им ја префрли сумата на Каталонците следната недела на 27 ноември (вторник).

Од почетокот на сезоната, Алкасер има девет голови во осум натпревари за Борусија на сите турнири, што го прави еден од најефикасните стрелци во Европа – по еден гол на секои 44 минути.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска