Алкараз: Тенисот е мојот живот, среќен сум што повторно сум најдобар тенисер на светот

Од:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска изјави дека е среќен што ќе го пречека Вимблдон како број еден на АТП листата, пренесуваат британските медиуми.

Алкараз го освои турнирот во Квинс, откако денеска во финалето го совлада Австралиецот Алекс де Минор со 6:4, 6:4. Шпанецот од утре и официјално повторно ќе биде најдобар тенисер во светот.

„Повторно да бидам прв, особено на Вимблдон. Но, повторно, немаше да биде возможно да немав таква поддршка од мојот народ, навивачите. Почетокот не беше идеален, движењето не беше идеално. Сè уште треба да учам, но на крајот на неделата беше неверојатно. Да се ​​дојде на Вимблдон, во оваа форма, како прв е одлично“, рече Алкараз.

Би можело да ве интересира

Алкараз: Едвај чекам да го видам Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Откако се пласираше во осминафиналето, Алкараз на камерата напиша необична порака

Предраг Петровиќ

Никој не верува во победа на Алкараз

Алкараз посака финале со Ѓоковиќ

Горан Наумовски

Не сум на нивото на Новак, уште треба да учам-Алкараз пред новинарите

Алкараз го победи Медведев и доби виза за спектаклот со Новак