Не сум на нивото на Новак, уште треба да учам-Алкараз пред новинарите

Од:

Карлос Алкараз загуби во полуфиналето на завршниот Мастерс од Новак Ѓоковиќ и тоа доста убедливо (6:3, 6:2). Српскиот ас го диктираше темпото, направи што сакаше и славеше полесно од очекувањата. Тоа го призна и самиот Шпанец.

Тој се појави на прес-конференцијата и без двоумење призна дека Ѓоковиќ е над него. „Не сум на исто ниво како Новак, особено на вакви површини, услови во затворен простор, не сум навикнат да тренирам во затворен простор. Морам да го научам тоа, нешто што ме боли во моментов, но во исто време тоа ми дава надеж, бидејќи знам дека морам и можам многу подобро и ќе работиме на тоа во претсезоната. Да бидеме на врвот“, изјави Алкараз.

На прашањето каков можеше да биде планот Б за овој натпревар, тој прво се насмеа. „Не знам што да кажам, веројатно да трчам повеќе и да удирам топки на теренот, да играм подолги поени. Против играч како Новак тоа не е доволно. Морав да се ставам во позиција да напаѓам повеќе или да играм поагресивно, ако грешам, тоа е исто. Против таков играч треба да бидеш 100 проценти, да бидеш на работ, на линија, ако не го направиш тоа, мртов си“.

Тој откри дека ќе го гледа овој натпревар и дека ќе се фокусира само на овој, а не и на другите мечеви со Новак во текот на сезоната. „Овој натпревар многу ми помогна, има одмор и знам на што треба да работам, што треба да направам за да го добијам најдоброто во светот. Ќе разговарам со тренерот Ферер, за да видиме што треба да направиме подобро. Ќе го гледам натпреварот пак, да видам каде ми беа слабостите. Ќе ги заборавам сите натпревари оваа сезона, Синсинати, Вимблдон, Ролан Гарос, ќе се фокусирам само на овој натпревар во Торино. чувствував дека морам да направам многу, многу подобро некои работи за да бидам на тоа ниво“.

Потоа уште еднаш се врати на самиот натпревар. „Тешко ми е да зборувам за тоа, тешко ми е да разберам дури и по натпреварот, не сум на негово ниво на теренот. Одиграв одлични натпревари на Вимблдон, во Синсинати, на Ролан Гарос и тогаш го почувствував тоа, бев на тоа ниво, штом излеговме на теренот почувствував дека треба да вежбам повеќе и да бидам подобар играч. Тој е поискусен, играше на овој турнир многу пати, тој е неверојатен. Не е до сервисот, тој е одлично ретирнира, неверојатен е. Реков, тој те турка до крај до последната топка, имав одлични поени, но потоа ќе направев неколку грешки. Играч како Новак, не можеш да играш против него така лесно.

Во еден момент го фрли рекетот, по разговорот со тренерот се чинеше дека не се согласува со Ферер. „Да, тоа беше брејк топка, играв одлично и го загубив, фрустриран сум, но изгубив бод. Фрустрација… Фереро ми рече дека морам да останам силен психички и морам да го поправам тоа“, заклучи Алкараз.

Би можело да ве интересира

„Алкараз не сака да ризикува“

Предраг Петровиќ

Откако се пласираше во осминафиналето, Алкараз на камерата напиша необична порака

Предраг Петровиќ

Алкараз поради повреда го предаде мечот од првото коло на турнирот во Рио де Жанеиро

Горан Наумовски

Алкараз: Синер може да го победи Ѓоковиќ

Алкараз: Ова беше срамно

Алкараз: Секој меч со Зверев е голема битка

Горан Наумовски