Никој не верува во победа на Алкараз

Од:

Десеткратниот шампион на Австралија опен Новак Ѓоковиќ е очигледен фаворит, додека малкумина веруваат во Карлос Алкараз.

Поточно, никој, судејќи според анкетата што „ESPN“ што ја спроведе меѓу своите аналитичари.

Од 10, седум гласале за Новак, а тројца за Јаник Синер.

Наклонети кон Новак беа Пем Шрајвер, Рене Стабс, Бред Гилберт, Бил Конели, Том Хамилтон, Д’Арси Мејн и Џејк Мајклс, додека за Италијанецот гласаа Патрик Мекинро, Мет Волш и Џерид Барса.

„Време е за Синер. Тој имаше одличен финиш во 2023 година и подготвен е да го направи следниот чекор“, рече Мекинро.

„Гласачите“ на Новак ја истакнаа неговата доминација на Грен слем турнирите, особено во Мелбурн, каде што триумфираше 10 пати.

Пласман во второто коло обезбедија Новак и Јаник, додека Карлос турнирот ќе го започне во вторник од 10:30 часот против Ришар Гаске.

Би можело да ве интересира

Откако се пласираше во осминафиналето, Алкараз на камерата напиша необична порака

Предраг Петровиќ

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

Навивачи го прекинаа финалето на Австралија опен поради Палестина, викајќи и врзувајќи се за столчиња

Предраг Петровиќ

Зверев разочаран: Фрустрирачки – ова ми се случи првпат во кариерата

Епски пресврт на Медведев за пласман во финалето

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он