Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри останува на клупата на италијанскиот тим.
Тоа значи дека се прекинати шпеклациите дека Алегри се сели во Рома, а дека Милан ќе го преземе Франк Рајкард или Кларенс Седорф.
Договорот на Алегри истекува 2014 година, а се уште не е разговарано за негово продолжување.
-Со Алегри имавме средба, на која ја анализиравме претходната сезона и појаснивме некои работи. Постигнавме договор за правата и обврските на тренерот кон клубот и обратно. Односот со него, никогаш не беше прекинат, продолжува со верба и взаемно почитување- изјави првиот човек на Милан, Силвио Берлускони.
Елена Георгиевска