Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри изјави дека неговиот тим нема да го чува резултатот и победата од 2:0 во реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампиони на „Камп Ноу“, против тимот на Барселона.
-Мораме сериозно да и се спротивставиме на Барселона и да одиграме многу подобро, од првиот натпревар, доколку мислиме да победиме. Во овој натпревар играчите мора да бидат добри во напад и да искористат големи можности. Исто така мора да останеме и смирени – изјави Алегри, кој во Барселона нема да може да смета на Џанпаоло Пацини поради повреда, но има и други повреди.
-Ќе видиме во каква кондиција се Мексес, Нианг, Кркиќ и Робињо – додаде тој.
Помошниот тренер на Барселона Ѓорди Роура изјави дека тимот мора да биде внимателен во реваншот против Милан.
-Мора да најдеме баланс помеѓу фантастичната борбеност и интензивната игра, опасноста и ризикот да не упропастиме се. Постои можност да вежбаме и пенали. Возбудени сме бидејќи пред нас е голем натпревара, а расположени сме да направиме пресврт – изјави Роура.
Елена Георгиевска