Масимилијано Алегри, тренер на шампионот и лидер во Италијанското фудбалско првенство рече дека борбата за титулата нема да се води само меѓу неговиот тим и Рома.
– Во трката за титулата немојте да го отпишувате Наполи. Мислам дека борбата за Скудетото ќе биде неизвесна до самиот крај на првенството, а покрај Рома наш конкурент е и тимот на Наполи, истакна Алегри.
Оваа изјава на Алегри доаѓа по успешната серија на „наполитанците“ кои по лошиот старт во Серија А, имаат три победи на последните четири кола.
Претходно и тренерот на Рома Руди Гарсија го посочи Наполи како потенцијален кандидат за највисок пласман.
Наполи по 11 кола е трет со 21 бод, Рома е втора со 25, а на врвот е Јувентус со 28 бодови.