Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ќе се сретне со претседателот на „Старата дама“, Андреа Ањели во деновите по реваншот со Атлетико Мадрид од осминафиналето на Лигата на шампионите, за да разговара за својата иднина во клубот, објави „Скај Италија“.
Алегри го изведе тимот од Торино до четири последователни титули во Серија „А“ по пристигнувањето во клубот во 2014, а тимот води со 16 поени на врвот од табелата во оваа сезона.
Според медиумот, клубот сака да разбере дали Алегри ќе остане на чело на составот и следната кампања до крајот на овој месец. Според други информации во Италија, ако стратегот одлучи да го напушти Торино, меѓу споменуваните имиња за негов заменик се Пеп Гвардиола, Зинедин Зидан и Антонио Конте.
Јувентус заостанува со 2:0 по првиот дуел од осминафиналната фаза во Лигата на Шампионите, одигран на „Ванда Митрополитот“ во Мадрид, кога централните дефанзивци Хозе Марија Хименез и Диего Годин обезбедија сигурна предност на избраниците на Диего Симеоне пред реваншот во Торино .
„Бјанконерите“ се уште се непобедливи во Серија „А“ од почетокот на сезоната по саботниот успех како гостин на Наполи со 2:1 и се се поблиску до осмото по ред Скудето.