Алегри го санкционира Бонучи

Од:

Масимилијано Алегри тренерот на италијанскиот првак Јувентус реши да го дисциплинира Леонардо Бонучи, па искусниот италијански репрезентативец не е во составот на „Старата дама“ за утрешниот меч против Порто во Лигата на шампионите.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, ваквата одлука на Алегри е јасна порака и казна за Бонучи по нивните вербални препирки и недоразбирањата кои ги имаа за време на првенствениот меч со Палермо кој Јувентус го доби со 4-1.

Иако Бонучи отпатува со екипата во Португалија и се чинеше дека се е заборавено, сепак тоа не е случај, па Бонучи мечот со Порто ќе го следи од трибините.

Порто и Јувентус утревечер го играат првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите, во терминот од 20 часот и 45 минути, за кога е закажана и средбата меѓу Севиља и Лестер, додека вечерва своите први меѓусебни дуели ќе ги играат, Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид и Манчестер Сити – Монако.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска