Албанија: Фудбалската федерација бара вакцинираните навивачи да можат да влезат на стадион, властите не даваат

Од:

Здравствените власти во Тирана го отфрлија барањњрто на Фудбалската федерација на Албанија (ФСХФ) да дозволат продажба на билети за претстојниот квалификациски натпревар против Англија за навивачи кои примиле вакцина против коронавирус.

Фудбалските власти во допис до премиерот Еди Рама побараа дозвола стадионот во Тирана да биде исполнет со 30 отсто од вкупниот капацитет, или влез на околу 6.500 вакцинирани навивачи на натпреварот против Англија, в недела, во рамки на квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.

– Предлагам вакцинираните лица да имаат можност од трибините да го следат натпреварот, како бенефит од процесот на вакцинација што го извршувате како Влада. Уверен сум дека ќе го разгледате ова наше барање во интерес на албанскиот фудбал и љубовта на навивачите кон репрезентативниот црвено – црн дрес, напиша претседателот на ФЦХФ Арменд Дука во писмото до албанските власти.

Албанското Министерство за здравство, како што јавија локалните медиуми, го разгледало и го отфрлило ваквото барање поради зголемениот број новозаразени со коронавирус во земјата.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски