Албанците му се налутија на Платини

Од:

Изјавата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини дека дронот пуштен на натпреварот Србија-Албанија, можело да биде опасен предмет доколку во него имало бомба, наиде на остри коментари меѓу Албанците по социјалните мрежи.

Најгласни се пратениците од владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама.

Ерјон Браче, преку социјалната мрежа Фејсбук изјавата на Платини, ја оцени за срамна и оти со неа тој ги бранел „српските гангстери“. Браче констатира дека ако опасноста лежела во дронот кој носел знаме на „Голема Албанија“, тогаш многу поопасни биле извиците „Убијте ги Албанците“, како и „насилството на српските навивачи врз албанските фудбалери“.

Пратеникот Башким Фино изјави дека УЕФА не може да работи со двојни стандарди, додека пратеничката Леди Шкрели директно му се обрати на Платини велејќи му дека и доколку на дронот била бомба, одговорноста паѓа врз Србија, која зела обврска да го организира натпреварот. Таа уште му упати поздрав на Платини од како што рече „земјата на орлите“.

Инаку, Платини, коментирајќи ги случувањата на стадионот во Белград изјави дека е шокиран од појавата на дронот над теренот со знамето на „Голема Албанија“.

– Фудбалот треба да ги зближува луѓето. Спортски натпревар никогаш не треба да се меша со политиката. Замислете што ќе беше ако на дронот наместо знаме имаше бомба, изјави Платини за француската телевизија ТФ1.

Според него, прекинот на натпреварот во 42 минута е срамен.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана