Ајнтрахт веќе ги продаде билетите за дуелот со Челзи

Од:

Ајнтрахт Франкфурт ги продаде сите билети за домашниот натпревар против Челзи од полуфиналето во Лига Европа. Тоа се случи само неколку часа по елиминацијата на португалска Бенфика во второто по сила европско клупско натпреварување.

– Патувањето продолжува. Она што го направи нашиот тим, е навистина неверојатно. Навивачите помогнаа за создавање на оваа атмосфера во исклучителната европска вечер за нас. Се претставивме многу силно, прокоментира тренерот на германскиот тим, Ади Хутер.

Стадионот „Комерцбанк Арена“ во Франкфурт е со капацитет од над 51 илјади места.

Првата средба меѓу Ајнтрахт и Челзи е на 2 мај во Германија.

Во четвртфиналето „орлите“ од Франкфурт ја отстранија Бенфика по вкупен резултат 4:4 и повеќе постигнати голови на гостински терен.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска