Тимовите на Ајакс и Манчестер Јунајтед ќе се сретнат во финалето од Лигата на Европа, откако во полуфиналните дуели беа поуспешни од Лион и Селта Виго.
Лион вечерва го совлада тимот на Ајакс со 3-1, што сепак беше недоволно за пласман во финалето, откако во првиот натпревар на домашен терен Ајакс славеше со 4-1.
Стрелци на головите за Лион вечерва беа Лаказете, кој погоди два пати и Гезал, додека единствениот гол за Ајакс го постигна Долберг.
Во другиот вечерашен натпревар, Манчестер Јунајтед и Селта Виго одиграа 1-1, па англискиот тим со победата од 1-0 на гостувањето во Шпанија се избори за пласман во финалето.
За Јунајтед вечерва погоди Фелаини, додека голот за Селта Виго го постигна Ронкаглиа.
Финалето од Лигата на Европа се игра во Стокхолм на 24. мај.