Агуеро останува во Манчестер Сити

Од:

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе продолжи да го носи дресот на клубот и следната сезона. Договорот на Аргентинецот истекува за една година и неодамна се зборуваше дека тој би можел да биде продаден, а интерес за него покажуваат Интер и Наполи. Сепак, агентот на играчот Хернан Регера е категоричен дека нема да се пресели од „Етихад“.

„Серхио има договор со Манчестер Сити до 2021 година и нема шанси да замине пред да истече. Ќе видиме што ќе се случи следно. Не сум разговарал со Интер и причината е многу едноставна: „Агуеро е среќен со „граѓаните“ и нема желба да го смени клубот“, објави Регера.

Агуеро ќе наполни 32 години следниот месец. Сепак, тој продолжува да покажува високо ниво на перформанси и оваа сезона има 23 голови на 30 натпревари одиграни на сите натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска