Агуеро оди на операција на коленото

Од:

Најдобриот стрелец на Манчестер Сити, Аргентинецот Серхио Агуеро, утре ќе биде подложен на операција на коленото во Барселона, откри менаџерот Пеп Гвардиола.

„По интервенцијата, не знаеме кога ќе се врати Серхио. Ќе можеме да кажеме кога тој ќе биде дома,“ рече тренерот. На прашањето дали ќе биде подготвен за натпреварите во Лигата на шампионите во август, Гвардиола рече дека не знае.

Во врска со замените за Агуеро до крајот на сезоната, Шпанецот вели дека постојат опции.

„Не се сомневаме во врска со Габриел Жесус. Никој не може да игра 90 минути три дена по ред. Рахим Стерлинг може да игра на оваа позиција, дури и Илкај Гандоган е способен. Имаме различни опции,“ вели Пеп.

Утре Сити ќе се соочи со Челси, но Гвардиола призна дека повеќе размислува за мечот в недела, кога неговиот тим ќе се соочи со Њукасл во натпревар од четвртфиналето на ФА Купот.

„Не можам да негирам дека го гледаме со едно око натпреварот со Њукасл. За нас е како финале,“ додаде Каталонецот.

Би можело да ве интересира

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Марез официјално во Ал Ахли

Белгиецот ќе го пропушти почетокот на новата сезона

Предраг Петровиќ