Агентот на Антонио Конте следната недела треба да пристигне во Париз, каде ќе се сретне со раководството на ПСЖ.
Според весникот „Екипа“, актуелниот тренер на „принцовите“, Унаи Емери, сигурно ќе биде ослободен по раната елиминација од Лигата на Шампионите, а трофеите на домашна сцена нема да го спасат.
Во исто време и деновите на Конте во западен Лондон изгледаат изброени, откако постои опасност Челзи да не влезе во Топ 4, а освен тоа во последниве денови специјалистот беше уништен од критики за тактиката во натпреварот со Манчестер Сити.
„Пат кон Конте“, пишува на првата страница на „Екип“, истакнувајќи дека катарските сопственици на ПСЖ не се задоволни од слабиот напредок во Европа и затоа се подготвени на промена.