Агенцијата за млади и спорт апелира на грижлив однос кон спортските објекти

Од:

Агенцијата за млади и спорт (АМС) упати повик до сите субјекти кои управуваат со спортските објекти да ги одржуваат според прописите и да овозможат безбедни активности на сите корисници.

– Сите субјекти кои управуваат, ги одржуваат и стопанисуваат со објектите за спорт, со секоја уредена површина и објекти кои се во функција на вршење на спортските активности, имаат обврска истите да бидат функционални и безбедни, стои во соопштението од АМС.

Од АМС им укажуваат на овие субјекти дека според Законот за спорт, сите спортски објекти без оглед дали се во сопственост на Република Македонија, на единиците на локалната самоуправа, или пак, се во приватна сопственост, мора да бидат предмет на постојана грижа и опсервација се со цел учениците, студентите, спортистите и граѓаните безбедно да се рекреираат и спортуваат.

Во таа насока АМС за наредниот период најави заеднички активности со сопствениците на објектите, со кои ќе се проверува функционалноста, опременоста и безбедноста на спортските терени во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска