Абрамович потрошил 126 милиони евра на отпремнини за тренерите што ги избрка

Од:

Сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович, само на отпремнини за поранешните тренери потрошил над 126 милиони евра, објави денеска „Дејли Мејл“.

Последната „жртва“ на рускиот тајкун беше Френк Лампард, кој доби отказ на почетокот на оваа недела по пет лигашки порази на последните осум натпревари.

Предвремениот прекин на соработката со Лампард го чинеше Абрамович 2,26 милиони евра.

Најмногу пари за предвремен прекин на соработката Абрамович потроши на Жозе Мурињо и Антонио Конте, вкупно 85 милиони евра.

Милионски отпремнини во минатото добија и Фелипе Сколари (14,2 милиони евра), Андре Вилаш-Боаш (13,5), Роберто Ди Матео (12), како и Аврам Грант, Карло Анчелоти и Клаудио Раниери.

Единствено Рафаел Бенитез и Гус Хидинк заминаа од „Стемфорд Бриџ“ по истекот на нивните договори.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ

Канте наскоро се враќа во Челси, ќе добие и продолжување на договорот