АБА 2: МЗТ со гостинска победа против Хелиос

Од:

Kошаркарите на МЗТ Скопје со победа се враќаат од вечерашното гостување кај Хелиос во Домжале во меч од 12. коло од АБА 2-лигата.

Тимот од Аеродром триумфираше со убедлива 73-92 (37-49) иако тренерот Ѓорѓи Кочов не можеше да смета на дури четворица повредени играчи – Дарко Соколов, Марко Симоновски, Андреј Маслинко и Љубомир Младеновски и практично настапи со само 6 играчи на средбата.

Македонскиот претставник во регионалното натпреварување сепак доминираше во текот на целата средба и заслужено дојде до победата, која е прва на гостувањата во Словенија сезонава.

Најдобар стрелец за гостите беше Андрија Бојиќ со 35 поени и 11скока, додека Вудард помогна со 14. Кај домаќините, Шалиќ го заврши натпреварот со 26 поени.

„Металците“ со овој триумф се зацврстија на втората позиција на табелата со скор 9-3. Следната среда МЗТ ќе го одигра последниот меч во 2018 година и тоа на гости кај Борац во Чачак.вз

Фото: МЗТ Скопје

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

ТФТ со пораз од Горица ги загуби шансите за плејоф во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

НЛБ Групација и АБА Лига ј.т.д. – Заедно пишуваме ново регионално поглавје во кошарката

Ана Ололовска

Одложен четвртиот балон од АБА 2 лигата

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска