44 полицајци повредени за време на насилството меѓу навивачите на Бастија и Марсеј

Од:

Четириесет и четири полицајци и жандарми се повредени вчеравечер во насилствата кои избувнаа на маргините од натпреварот од првото коло на француската прва фудбалска лига меѓу Бастија и Марсеј, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според Министерството за внатрешни работи на Франција, осуммина припадници на силите на редот добиле и болничко лекување, по судирите кои се случија околу стадионот кога силите на редот делувале „со воздржаност и ладнокрвно“.

Пред средбата, надвор од стадионот, стотина навивачи на домашната екипа ги нападнаа силите на редот. Откако со автобус пристигнаа навивачите на Марсеј, навивачите на Бастија започнаа да фрлаат разни предмети и камења врз силите на редот.

Меѓу навивачите интервенираше и претседателот на клубот Пјер-Мари Џероними.

Во соопштението, министерот за внатрешни работи Бернар Казенев, бара „одлучна акција за одговорните, како на локално, така и на национално ниво, за да се стави крај на насилничкото однесување, посебно кон силите на редот, кои треба да бидат почитувани“.

Во април оваа година, префектурата на Горна Корзика им забрани на навивачите на соседниот клуб Ажаксио да одат на стадионот Фуријани на локалното дерби. За време на ланската сезона шампионатот на Лигата 1 беше збележано насилство, посебно во ноември кога осум редари на стадионот Алијнз Арена во Ница беа повредени на средбата меѓу Ница и Сент Етиен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска