31. коло во Бундес лигата

Од:

Екипите на Гројтер Фурт и Хановер вечерва од 20 часот и 30 минути ќе го играат првиот натпревар од 31.коло во фудбалскиот шампионат на Германија.

Нов шампион е Баерн Минхен, а Борусија Дортмунд е веќе со обезбедено место во Лигата на шампионите, а една победа од сигурна трета позиција го дели Баер Леверкузен за учество во елитното натпреварување.

Во пресрет на ова коло дури пет екипи се со подеднакви шанси за освојување на четвртото место кое обезбедува пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.

Двојките за утре се: Баерн Минхен – Фрајбург, Баер Леверкузен – Вердер, Волфсбург – Борусија Менхенгладбах, Хофенхајм – Нирнберг, Аугсбург – Штутгарт и Фортуна – Борусија Дортмунд.
Во недела ќе играат Мајнц – Ајнтрахт и Шалке – Хамбургер.

Табела: Баерн Минхен 81 бод, Борусија Дортмунд 61, Баер Леверкузен 53, Шалке 46, Фрајбург 45, Ајнтрахт 45, Борусија Менхенгладбах 44, Хамбургер 44,…

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска