18-та победа во низа за Атланта

Од:

Во својот 47. натпревар оваа сезона во НБА американската кошаркарска лига, составот на Атланта го совлада Портланд Трејл Блејзерс со 105:99 на домашен терен во “Филипс“ Арена за вкупно 39-та победа, односно 18-та по ред.

Кај Хокси најефикасни беа Пол Милсап со 21 поен (осум скокови) и Ал Хорфорд со 17 поени (осум скокови, четири асистенции, три украдени топки).

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ во триумфот придонесе со седум поени за 12. минути игра на паркетот (три скокови, една лична грешка).

Остануваат на првото место во Источната конференција со осум порази, а следниот дуел ќе го имаат наредниот ден дома со Филаделфија Сиксерс, тим кој што има најслаб учинок на Истокот (10-37).

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски