16-ти последовен пораз за Шарлот

Од:

Екипата на Шарлот го доживеа и 16. пораз по ред, откако ноќеска загуби од шампионот Мајами. Шарлот по стартниот скор од 7-5 (победи-порази) сега имаа серија порази, што ги „закова“ на дното во Источаната конференција.

Најефикасен на натпреварот беше Двејн Вејд со 29 поени, додека неговиот клупски колега од Мајами, Леброн Џејмс имаше 27 поени, 12 скока и 8 асистенции.

Резултати на натпреварите одиграни ноќеска:

  • Вашингтон – Кливленд 84:87
  • Шарлот – Мајами 92:105
  • Орландо – Њу Орлеанс 94:97
  • Атланта – Детроит 126:119 (две продолженија)
  • Милвоки – Бруклин 108:93
  • Мемфис – Филаделфија 89:99
  • Минесота – Хјустон 84:87
  • Сан Антонио – Торонто 100:80
  • Денвер – Лос Анџелес Лејкерс 126:114
  • Јута – Голден Стејт 83:94
  • Феникс – Њујорк 97:99
  • Портланд – Сакраменто 109:91.

Натпреварот Индијана – Чикаго е одложен, поради лошите временски услови. Термин за одигрување дополнително ќе биде закажан.

Вечерва се играат два натпревара: Оклахома Сити – Далас и Лос Анџелес Клиперс – Бостон.

Би можело да ве интересира

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки