25-годишното момче од Берово почина од заб, 7-годишниот Агуш од Прилеп остана без рака поради обична скршеница, анестезиолог под дејство на алкохол дошол на работа, починаа родилката Маја од Гевгелија и нејзиното бебе, 28-годишната Јилдиз Веапоска од Дебар остана без половина органи. Ова се само дел од случаите кои ја потресоа македонската јавност, а ги има уште многу.
Лекарска грешка тешко се докажува, но одговорност мора да има. А, ја нема.
Што се е лекарска грешка, каде се пријавува и колку е долга правната битка? Гледајте во анализата на Скен.