Знамето во руската Амбасада во Анкара поставено на половина копје

Од:

Знамето во руската Амбасада во Анкара изутрината беше поставено на половина копје во врска со убиството на амбасадорот Андреј Карлов, јави ТАСС.

Амбасадата денеска треба да донесе одлука за отворање на книга на жалоста. Се очекува во текот на денот во Амбасадата да пристигнат руски државјани, кои живеат во Анкара, како и турски граѓани за да изразат сочувство во врска со смртта на амбасадорот.

Обезбедувањето на дипломатското претставнишство синоќа беше зајакнато со дополнителни сили за безбедност. Зголемените мерки за безбедност се уште се во сила.

Група руски претставници ќе пристигнат денеска попладне во Анкара за да ја разгледаат со турските иследници ситуацијата во врска со убиството.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски