Знаме на ИД закачено на семафор во Приштина

Од:

Припадници на косовската полиција при редовна патрола забележале дека на еден семафор во Приштина е закачено знаме на џихадистичката група Исламска држава (ИД), објави денеска приштинскиот портал „Зери“.

Според порталот, чии наводи ги пренесува Танјуг, по прегледот на околните камери за видео надзор, полицијата утврдила дека знамето вчера го поставиле три лица.

Порталот наведува дека досега никој не е уапсен во врска со овој настан, како и дека не е познато дали припадниците на полициската единица за борба против тероризмот, кои го презеле случајот, успеале да ги идентификуваат тројцата мажи.  

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска