„Зидојче цајтунг“: Стигмата да се биде девојче на Балканот

Од:

Женски фетуси намерно се уништуваат не само во Индија и во Кина, туку и во Албанија, на Косово, во Црна Гора и Македонија, а на тој начин зголемениот број на мажи во општеството ќе има драматично општествени последици и во балканските држави. Тоа се наведува во текст под наслов „Висока технологија исполнува традиционални желби“ објавен во „Зидојче цајтунг“.

Во опширниот опис се вели дека во Албанија веќе сега на сто новородени девојчиња има 112 машки деца, со што ситуацијата е иста како во Индија, каде таквиот проблем со децении претставува социјален проблем.

Станува збор за прекин на бременост, главно под притисок на сопругот и неговата фамилија, во случај кога ќе се утврди дека станува збор за женски фетус. Но, и за убивање новородени женски бебиња. Ситуацијата не е многу подобра ниту во други балкански држави, пишува „Зидојче цајтунг“.

Кристоф Гилмото од Институтот за развој при Универзитетот Париз-Декарт, тврди дека на Косово на сто родени девојчиња има 110 машки деца. Во Црна Гора 109, во Македонија 106. Просечниот сооднос на полови кај новородени деца ширум светот е 100 спрема 105 во корист на машките деца. Тој „вишок“ момчиња подоцна се неутрализирапоради поголема смртност на машките деца. Гилмото наведува дека „вишокот“ машки деца е впечатлив пред се во албанските средини.

– Желбата на родителите да добијат машки наследници е специфичност на албанскиот културен круг, смета тој експерт. Таа желба, меѓутоа, како што наведува тој, не е типична само за муслиманите, туку и за католиците и православните во Албанија.

– Абортусите во случај на женски фетуси таму се културолошки феномен кој има корени во архаичното поимување на семејството, смета парискиот експерт. Тоа е затоа што машките деца го задржуваат семејното презиме, додека женските деца по мажењето најчесто се одрекуваат, а традиционално е за старите родители да се грижат синовите.

Во времето на социјализмот во Албанија абортусот бил забранет, а немало ниту пренатални прегледи, наведува весникот.

По падот на режимот, абортус е дозволен до 12 недела од бременоста а на родителите им е овозможен пристап при пренаталната дијагностика.

Гилмото наведува дека „сите гинеколози во Албанија сакаат родителите да го дознаат и полот на детето“ и знаат дека често се случува абортус кога ќе се утврди дека бебето е женско. За да се спречи бременоста, многу се распространети и илегалните абортуси во одмината фаза од бременоста.

Според него, развојот на Балканот е „алармантен“ поради половата несразмерност и тоа предизвикува мажите веќе не се во состојба да најдат парнерка и да се оженат. Недостигот од жени не доведува тие да бидат „згрижени“ туку сосем спротивно – насилството кон жените се зголемува.

Во државите со несразмерно поголем број мажи отколку жени како што се вели во студијата на Фондот на ОН за население, растат насилството, проституцијата и трговијата со жени.

Освен тоа, се зголемува и бројот на природни бракови веќе во детството, како и бројот на самоубиства меѓу жените кои не можат да издржат притисок дека мора да родат машко дете.

„Зидојче цајтунг“ смета дека со проблемот на намерни абортуси на женски фетуси на Балканот мора да се позанимава и ЕУ, со оглед дека ЕК во октомври препорача преговори за членство со Тирана, Македонија веќе е кандидат, а Црна Гора води претпристапни преговори.

Во Индија и во повеќе други азиски држави, на лекарите им е забрането пред породувањето да го утврдат полот на бебето и да им го соопштат на родителите. Но забраната најчесто е без резултат со оглед на корупцијата и во здравството.

Гилмото укажува дека само во азиските држави „недостасуваат“ повеќе од 117 милиони жени, а ширум светот повеќе од 160 милиони.

– Парадоксално но медицинскиот напредок води до тоа да родителите можат да исполнат традиционална желба да добијат син, и до тоа да се дискриминираат девојчињата, објавува „Зидојче цајтунг“.

Албанското Министерство за здравство кон крајот на 2012 година организираше советување на кое беше и Гилмото потоа беше формирана Работна група која ќе се занимава со проблемот на абортуси на женски фетуси.

Но како што оценува германскиот весник, дури и ако се спроведе успешна акција против тој вид дискриминација, негативните последици ќе се чувствуваат уште со децении.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски