Живко Будимир вечерва излегува од притвор

Од:

Судот во БиХ донесе одлука за пуштање на слобода на претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина Живко Будимир, соопшти адвокатот Рагиб Хаџиќ.

– Добив потврда дека се изработува решението и оти многу брзо ќе ни биде испратено во Мостар. Будимир за еден час треба да биде пуштен од притвор, рече Хаџиќ.

Уставниот суд на БиХ денеска ја профати апелацијата на адвокатскиот тим на Будимир, со која се бара Судот на БиХ да го преиспита своето решение на за притвор бидејќи не постоеле докази за притварањето на Будимир.

Тој беше уапсен на 26 април под сомнение дека со некои одлуки за помилување осуденици го прекршил законот и ги злоупотребил овластувањата.

По апсењето му беше одреден едномесечен притвор, а Обвинителството на БиХ предлагаше продолжување на притворот за уште два месеца.

Би можело да ве интересира

Комшиќ: Претседателството ќе ги разгледа наводите за руски кампови и терористички ќелии во Босна и Херцеговина

Американски офицер отпуштен поради сексуални престапи во Босна и Херцеговина, ја заврши својата 30-годишна кариера

Додик: Шмит треба да замолчи и да исчезне, а САД не се толку страшна сила за да ги решава работите по телефон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Босанка со пендрек во кафеана го нападна сопругот и неговата љубовница

Горан Наумовски

Снема струја, па осум деца кои се бањаа во базен се затруени со хлор

Молбите на Зеленски ќе бидат слушнати: Ќе му испратат моќни тенкови користени во Босна

А1он