Додик: Шмит треба да замолчи и да исчезне, а САД не се толку страшна сила за да ги решава работите по телефон

Од:

Претседателот на РС, Милорад Додик, од Мостар каде беше по повод 150-годишнината од осветувањето на катедралата Света Троица во Мостар на литургиско чествување, ја искористи приликата да ги коментира политичките настани во БиХ.

„Сите ние сме за некакво придвижување, се разбира. Но мораме да ги решаваме проблемите на сите, не само на едната страна. Она што ќе биде епицентарот на сите дискусии се изборниот закон и Уставниот суд. Не мислам дека ќе можеме да одиме напред додека не го решиме, тоа не е закана“, рече Додик.

Смета дека СНСД покажа дека е сериозен со поддршката на пет закони, но дека проблемот на едни не може да се реши, а други да се игнорираат.

Тој вели и дека е лошо што дел од владините структури во Босна и Херцеговина мислат дека некои работи ќе ги решаваат со интервенционизам.

„Шмит треба да замолчи и да исчезне бидејќи не е релевантен и нема морална основа да зборува за ништо. Светот се промени, тој не е истиот. Веќе ја нема таа страшна сила на САД која ги решава работите по телефон. Имате еден шалабајзер, американскиот амбасадор Марфи кој „е вообразен, препотентен, мисли дека е месијата и ги искомплицира проблемите. Најголемите проблеми ги создаде Марфи. Лажго и манипулатор кој, злоупотребувајќи ги каналите за врска, сака да ја прикаже ситуацијата во црно“, додаде тој.

Додик верува дека Кристијан Шмит попрво ќе замине од Босна и Херцеговина отколку што тој ќе оди во затвор.

„Ќе предложам декларација за суверенитетот на БиХ, која треба да се усвои во парламентот. Тоа значи дека нема висок претставник, нема странски судии во Уставниот суд.. Ако сакате, ако не, признајте дека вие сте полутронови, поданици и дека не сте суверени, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Додик: Путин го брани суверенитетот на својот народ

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

Додик ја објави својата кандидатура за претседател на Република Српска за следниот мандат

Додик по посетата на Џејмс О’Брајан: Го познавам кога седеше зад врата на состаноци, сега нешто полуде