Жена е првата жртва од силното невреме во Хрватска

Од:

Жена го загуди животот откако се oбидела сама да го поправи кровот од својата куќа оштетен од силниот ветер.

Несреќата се случила во хрватското гратче Нашице во близина на Осијек.

Локалните медиуми пишуваат дека 63-годишната жена е првата жртва на невремето кое ја зафати Хрватска.

„Во подрачјето на нашата општина невремето направи големи проблеми. Oштетени се поголем број стамбени и деловни објекти, како и многу автомобили“, изјави Зоран Кон, портпаролот на локалната полиција.

Поради силниот ветер неколку товарни возила се превртија на патиштата во јужниот дел на земјата. Во местото Грачац, неколку стотици камионџии останаа заглавени во своите возила, бидејќи поради силниот ветер не можеа да го продолжат патот.

Проблеми имаше и при нормалното одвивање на бродскиот сообраќај.

Во многу делови во Хрватска се пријавени штети и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Загина 42 годишен возач од Делчево – сопатникот со тешки повреди

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи