„Зери“: Во Косово има 20.000 нарко зависници

Од:

Иако долго време Косово важеше за подрачје низ кое дрогата транзитира, во последно време таа се почесто останува на косовска територија, што доведе до тоа во земјата да има околу 20.000 нарко зависници, објави во денешниот број приштинскиот весник „Зери“.

Весникот наведува дека проблемот со зголемениот број нарко зависници се повеќе го привлекува вниманието на косовската јавност, а експертите посочуваат дека Косово се почесто станува крајната дестинација на шверцуваната дрога.

– Косово е прогласено за земја преку која се врши транзит на дрога, но за жал се поголем дел од таа дрога останува во Косово, што значи дека Косово станува нејзина крајна дестинација, изјави за весникот експертот за оваа проблематика Нуредин Ибиси.

Во Центарот за одвикнување на нарко зависност „Лабиринит“ се регистрирани околу илјада лица кои побарале помош.

Според Дафине Муцај од Центарот „Лабиринит“, во најголем број случаи станува збор за зависници од хероин на просечна возраст од 28 години. Кога почнале да користат наркотици тие во просек биле на возраст од 16 години, додава Муцај.

„Зери“ посочува дека според статистичките податоци на косовската полиција, во првите девет месеци од оваа година полициските сили заплениле 20 килограми хероин, 305 килограми марихуана, три килограми кокаин и 813 семиња канабис, при што се уапсени 282 лица под обвинение за шверц на наркотици.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов