Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

Од:

Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, а бил со јачина од 2,6 степени по Рихтер.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотресот синоќа во 22.43 часот.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција