Здравствените власти во Грција објавија тревога поради вирусот ебола

Од:

Здравствените власти во Грција објавија тревога поради појавата еболата, која досега ги однесе животите на над 800 лица во земји во африкански земји.

Тревогата беше официјално објавена по вонредното советување во грчкото Министерство за здравство со учество на претставници од центрите за контрола на заболувањата.

Властите во Грција очекуваат најнови укажувања од Женева по тридневното советување на Светската здравствена организација (СЗО).

Експерти во Атина го оценуваат како низок ризикот од пренесување на вирусот во Грција, но и покрај тоа препорачуваат да бидат преземени засилени превентивни мерки.

По појавата на ебола во реонот на Грците им беше советувано да не патуваат во Западна Африка, освен ако тоа не е апсолутно неопходно. 

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос