Заврши спасувачката операција во Сома, загинаа 301 рудар

Од:

Во Турција денеска е прогласен крај на спасувачката операција во рудникот за јаглен во Сома откако беа извадени телата на уште двајца рудари. Во несреќата загинаа 301 рудар.

– Заврши спасувачката операција. Ниту еден рудар не е оставен под земја, изјави турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз.

Во рудникот денеска повторно изби пожар, но на друга локација, на 250 метри од местото на несреќата.

Рударската несреќа предизвика протести ширум Турција, а демонстрантите ги обвинија сопствениците на рудникот за игнорирање на безбедносните мерки поради профит, како и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Во Сома вчера околу 10.000 демонстранти бараа оставка од Владата. Судири меѓу демонстрантите и полицијата имаше во Измир, при што се приведени 40 луѓе. Протести имаше и во Истанбул каде жителите тропаа со тенџериња од своите прозорци, во знак на протест против Владата на Ердоган.

Управникот на рудникот Комур Ислетмелери изјави декја се уште не знае што го предизвика пожарот во вторникот во рудникот.

По експлозијата предизвикана најверојатно од неисправен трансформатор 787 рудари беа заробени под земја.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски