(ВИДЕО) Вучиќ од Брисел: Нема да ги прифатам уцените за прифаќање на интересите на спротивната страна

Од:

Средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти и главниот преговарач од европска страна, Жозеп Борел, на којa присуствувале и специјалниот претставник на ЕУ за разговорите меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, заврши вечерва во Брисел.

Според информациите во српските медиуми, во Брисел биле ставени на маса сите отворени прашања за двете страни, а состанокот се смета за исклучителен напредок со самиот факт што страните ги продолжуваат разговорите по цели 20 месеци пауза.

Околу можниот напредок, а во име на ЕУ, вечерва се очекува да се обрати специјалниот претставник Мирослав Лајчак.

Во видео обраќањето, Вучиќ изјави дека теми на состанокот биле исчезнатите лица, внатрешно раселените и трговијата, а тој рече дека е загрижен оти членовите на делегацијата од Приштина, кои доцнеле на состанокот, „не ги разбрале предвидените теми на состанокот во Брисел“.

Косовскиот премиер оцени дека на средбата имало напредок во односите меѓу двете страни.

„Напредувавме кај темата на економскиот развој, а повеќе детали ќе дознаете во следните денови. Разговараме, има напредок. Очекуваме следната недела детално да ги објасниме овие проблеми. Ова се разговори на политичко ниво, затоа што сме во завршна фаза на заклучување на конечен договор, а за тоа е потреба волја од двете страни и посветеност,“ изјави Хоти по средбата.

Во однос на ставовите на косовскиот премиер Авдулах Хоти, кој очекува во овие неколку недели да се постигне договор, Вучиќ тоа децидно го негираше и рече дека нема да ги прифати уцените за да се прифатат интересите на спротивната „страна“, но не и „држава“, истакнувајќи дека тој ќе ги брани интересите на својот народ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Нема да се занимаваме со глупостите на Вучиќ, исполнете ги барањата на студентите, реакција на српската опозиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вучиќ побара на референдум да се гласа за можноста за негова смена