Започна втората рунда преговори меѓу Кипар и ЕУ за финансиска помош

Од:

Кипарското Министерство за финансии денеска соопшти дека е започната втората рунда преговори со претставниците на ЕУ и ММФ за износот и условите за одобрување пакет помош за Кипар, со цел да ги спаси ослабените банки.

Во соопштението на Министерството се наведува дека тема на разговорите ќе биде банкарскиот сектор, како и доведување во ред на јавните финансии, а преговорите ќе завршат до крајот на неделава.

Кипар стана петтата земја која од почетокот на овој месец побарала финансиска помош од партнерите во еврозоната.

На оваа земја и се потребни најмалку 2,8 милијарди евра за докапитализација на ослабените банки.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар